Википодатоци:Барања за дозволи/Создавач на својства/Заглавие2

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:Requests for permissions/Property creator/Header2 and the translation is 100% complete.

Повеќе за ова ќе најдете на „Википодатоци:Создавачи на својства“.

Корисниците можат да се кандидираат самите, или да кандидираат друг корисник. Меѓутоа правото не треба да се доделува ако корисникот не го сака. Затоа, сите кандидатури во туѓо име треба да почекаат додека самиот корисник не ја прифати кандидатурата лично.

Администраторите можат да ги означуваат како „создавачи на својства“ корисниците кои:

  • важат за доверливи во заедницата, по можност веќе со некое искуство во работата со својства, и
  • имаат покажано задоволителна упатеност во Википодатоците, особено во врска со именскиот простор за својства, податочните типови и сл.

Статусот „создавач на својства“ начелно не треба да се дава врз основа на работата на корисникот на други проекти; овој статус е единствениот што го има само на Википодатоците, и ова треба да се има предвид кога го барате или доделувате правото.

Правото на создавач на својства смее да се доделува само со поднесено барање на оваа страница, кое мора да биде отворено во траење од 48 часа. Исклучок може да се направи во случај на предоделување на правото на поранешни создавачи на својства и администратори, каде причините за одземање се неспорни или поради неактивност.

На создавачите на својства им препорачуваме да ја стават предлошката {{User property creator}} во корисничката страница.