Shortcuts: WD:B, WD:CRAT

Википодатоци:Бирократи

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:Bureaucrats and the translation is 82% complete.
Outdated translations are marked like this.

Бирократи (состојба во мај 2024) (edit)
  1. DannyS712, en, he-2, es-2, zh-2
  2. Lymantria nl, en-3, de-2, fy-2, fr-1
  3. Ymblanter, ru, en-3, de-2, fr-2, nl-2, it-1, es-1

Системот препознава 3 бирократи. Ако ова се разликува од последниот број во списокот, тоа значи дека списокот е грешен.

Wikidata Bureaucrat icon

Бирократите се корисници со техничка способност да менуваат извесни кориснички права и да преименуваат било кој корисник. Имаат приватен поштенски список каде можете да се обратите за проблеми во врска со приватноста или да им укажете некој итен проблем.

Задачи

Кориснички права

Бирократите се задолжени да назначуваат корисници за администратори, бирократи, преводни администратори и ботови, под услов тие корисници да добијат согласност по поднесеното барање за такво право.

Бирократите можат да отстрануваат ботови и преводни администратори доколку тие тоа самите го сакаат, ако се изгласа барање за нивно отстранување или во итни случаи. Ако корисникот доброволно се откаже од правото под неспорни околности, истото може да му биде вратено од бирократот, под услов да не бил неактивен согласно правилата.

Бирократите се задолжени да затвораат расправи за одземање на права и да ги поднесуваат истите на Мета во име оние што не се технички способни да го направат тоа (на пр. одземен администраторски статус). На бирократите им е дозволено да делуваат по сопствени наоѓања (дискреционо право) при затворањето на барања засегнати од агитирање за гласови (било на ова вики, некое друго Викимедиино вики, или сосема вон Викимедија) или марионетство. Покрај ова, бирократите не треба да затвораат расправи за права каде самите зеле учество.

Менување на кориснички имиња

Сè до 15 септември 2014 г., бирократите ја имаа техничката можност да преименуваат корисници. Сега преименувањата ги вршат глобалните преименувачи и стјуардите.

Како се станува бирократ

Бирократството се доделува со успешно прифатено барање на страницата Wikidata:Requests for permissions/Bureaucrat. Условот е да добиете 80% поддршка со барем 15 гласови „за“. Расправата мора да трае барем една недела.

Престанок на бирократството

Бирократството може да се изгуби доколку корисникот е неактивен или по барање за одземање на правата (со 50% гласови во полза на одземањето), или пак доколку корисникот реши доброволно да се откаже. Бироратот го губи овој статус заедно со администраторството доколку го изгуби самото администраторство поради неактивност, или ако станал бирократ без да биде администратор. За неактивност се смета направени помалку од десет бирократски/адмиинстраторски дејства во текот на овој шестмесечен период. Проверката за неактивност се врши еднаш месечно. Засега нема начин на поплакување. Статистиките за бирократските активности ќе ги најдете на оваа страница.

Список на бирократи

Во моментов имаме 3 месни бирократи.

Хронологија во која се наведени сите бирократи ќе најдете на „Википодатоци:Бирократи/Хронологија“.

Поврзано