Shortcuts: WD:O, WD:OS

Википодатоци:Скривање

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:Oversight and the translation is 80% complete.
Outdated translations are marked like this.

Скривање (oversight) „потиснување“ или „притајување“ (suppression) се однесува на скривањето на преработки, кориснички имиња во истории на уредувања и дневници, или делови од поединечни дневнички записи. Оваа можност е достапна на „скривачите“ (oversighters) (оние во корисничките групи „скривање“ и „надзорници“). Скриените податоци можат да ги гледаат и повраќаат само скривачите.

Скривањето и потиснувањето честопати се користат како синоними; англискиот поим oversight води потекло од постариот додаток „Oversight“, кој сега се заменува со пофлексибилната функција „притајување“ во МедијаВики што се користи на Викимедиините викија, но не се користи на Википодатоците.

Надгледувачи (состојба во мај 2024 г.) (edit)

Пишете му на oversight@wikidata.org; можете да пишете на некој од долунаведените корисници, но тоа треба да биде дополнително откако ќе пишете на адресата на севкупната група:

  1. Ajraddatz (email), en, fr‑1
  2. DannyS712 (email), en, he‑2, es‑2, zh‑2
  3. Esteban16 (email), es, en‑2, pt‑1, it‑1

Во итни случаи (на пр. кога нема месен нагледувач на располагање), барањата за проверка се упатуваат кон надзорниците, кои ќе ги најдете на stewards@wikimedia.org.

Правила

Функцијата за скривање смее да се користи само во четири случаи:

  1. # Отстранување на нејавни лични податоци како телефонски броеви, домашни адреси, работни места или идентитетот на псевдонимни или аднонимни поединци кои самите не го откриле, или на јавни поединци кои не ги имаат објавено тие лични податоци. Тука спаѓа и скривање на податоците за IP-адресата на уредниците кои случајно се одјавиле и така несакајќи ја откриле нивната IP-адреса.
  2. Отстранување на потенцијално клеветнички информации или: како препорака на совет на Фондацијата Викимедија или кога случајот е јасен и не постои уредничка причина да се остави преработката.
  3. Отстранување на прекршоци на авторски права по препорака на совет на Фондацијата Викимедија.
  4. Скривање на имиња очигледно предвидени да напаѓаат од автоматските списоци и дневници, кога ова не би ги пореметило историите на уредување. Очигледен напад е оној што се врши со недвосмислена намера да понижи, да се заканува, наклевети, навреди или да малтретира некого.

Напомена: Не сите нешта што ги задоволуваат горенаведените услови се за скривање.

Напомена: Не сите нешта што ги задоволуваат горенаведените услови се за скривање.

Право

Како се бара пристап

Право на алатката са скривање се добива со одобрено барање, т.е. кога заедницата ќе оцени дека кандидатот е подобен да ја користи алатката. Скривачите мора да имаат барем 18 години, да бидат полнолетни во земјата кајшто живеат и да бидат спремни да ѝ достават лична исправа на Фондацијата Викимедија. They must be familiar with the Викимедиините правила за заштита на личните податоци. Кога поставуваат барање за пристап (право), кандидатот мора тоа јавно да го истакне, предочувајќи ѝ на заедницата на селската чешма, администраторската чешма, на списокот на набљудувања, на поштенски список и тн.

Откако ќе се постигне консензус и барем 25 гласови „за“ (кои ќе сочинуваат барем 80% од вкупните гласови), расправата ќе ја затвори бирократ и ќе достави барање за пристап кај надзорниците со врска до расправата. На Википодатоците, скривачи можат да станат само корисници со администраторски статус. Најпрепорачливо е кандидатите да ѝ достават лична исправа на Фондацијата Викимедија пред да се кандидираат, иако ова може да е направи и по затворањето на барањето како успешно.

IRC-канал

Сите надзорници и скривачи што користат IRC треба да членуваат на приватниот канал „#wikimedia-privacy“. Обратете се кај било кој член на каналот за да добиете пристап; траен пристап доделува раководителот на каналот. Ако ви треба помош со добивањето на пристап, обратете се кај некој надзорник.

Поштески список

There is a private mailing list (mail:wikidata-oversight) for case discussion and announcements. Only Wikidata oversighters are eligible to subscribe. At the request of the WMF, the emails are not publicly or privately archived on the servers.

Одземање на правото

Правото на скривање се одзема во некој од следниве случаи:

  1. By resignation;
  2. По успешно барање за одземање на правото (што може да уследи и доколку не се користи подолго време), предлогот се смета за прифатен ако има поддршка од барем една третина од гласачите;
  3. Ако е отповикан администраторскиот статус.

Во случај на злоупотреба на алатката, надзорникот веднаш го одзема правото. Ова особено се случува ако постапките се прават рутински и без озбилна причина (треба да се наведат врски како докази за лошото поведение). Кога некој е осомничен за злоупотреба на скривањето, сомненијата се ставаат на расправа; надзориците не можат да правото да го одземат самите, по сопствена одлука, но можат да помогнат со тоа што ќе доставуваат информации потребни за да се докаже злоупотребата (на пр. дневници). Доколку е потребно, а особено во случај на непочитување на правилата за заштита на личните податоци (приватност), може да се побара од Одборот на Фондацијата Викимедија да издаде наредба за одземање на правото.

List

Поврзано